Анатомски и босоноги обувки за целото семејство
Здрави Стапала е првата специјализирана продавница за анатомски босоноги (barefoot) обувки во Македонија. Основана од магистер по кинезиологија и неговата сопруга - тренер за здравје и добросостојба, нашата мисија е секое стапало да чекори правилно, здраво и слободно.
Нашата приказна
Сè почна со едно прашање: зошто толку многу луѓе имаат проблеми со стапалата, колената, грбот и целото тело?
Како магистер по кинезиологија и основач на ЕДЕМ Велнес центарот во Струмица, работев со илијадници пациенти. И одговорот секогаш водеше кон истото место: стапалата. За мене светот се соочува со пандемија од болни, деформирани, слаби стапала.
А за тоа се виновни конвенционалните обувки кои го прават тоа тивко. Тесен простор за прстите, подигната пета, крути и тешки со премногу висок ѓон или премногу мек ѓон. Стапалата се деформираат уште од детството, а повеќето родители тоа не го ни забележуваат.
Децата кои ги носат првите обувки за проодување со вакви лоши каректеристики, веќе од малечки го губат природниот развој.
Затоа ја основавме Здрави Стапала, првата специјализирана продавница за анатомски босоноги (barefoot) обувки во Македонија. Не продаваме само детски обувки и патики. Ние го менуваме начинот на кој Македонија чекори.
Зошто анатомски босоноги (barefoot) обувки?
Научно докажани предности за деца и возрасни
Анатомска форма на обувката
Широк анатомски простор за прстите овозможува природно ширење при одење, онака како природата предвидела.
Zero-drop ѓон
Рамен ѓон без разлика во висина пета-прсти. Телото стои во природна положба, постурата се подобрува, а биомеханиката работи без пречки.
Здрав развој кај децата
Детските стапала се во развој до 18-та година. Анатомските босоноги обувки за деца дозволуваат правилен раст без деформации, од обувки за проодување до патики за училиште.
Јакнење на мускулатурата
Студија од Nature покажува дека босоногите (barefoot) обувки ја зголемуваат јачината на стапалата за до 60% за само 6 месеци, и кај деца и кај возрасни.
Што нè прави различни?
Не сме само продавница за анатомски обувки. Ние сме тим кој знае зошто босоногите обувки за деца и возрасни се важни.
Клиничка експертиза
Магистер кинезиолог и физиотерапевт стои зад секоја препорака. Не продаваме, советуваме.
Селектирани европски брендови
Лично ги избираме само брендовите на анатомски босоноги обувки што ги исполнуваат нашите стандарди за квалитет, Be Lenka, Barebarics, MTNG Free и други.
Персонален совет од кинезиолог
Не сте сигурни кои детски обувки или патики се вистинските? Контактирајте нè.
Водич за големини
Детален водич со инструкции за мерење, бидејќи правилната големина е клучна за здрави стапала.
EDEM Wellness центар
Здрави Стапала е дел од поширокиот EDEM Wellness екосистем, каде босоногите обувки се само почеток на патот кон подобро здравје.
Масажа
Терапевтска и релаксирачка масажа за олеснување на болка и тензија
Корективни вежби
Персонализирани програми за корекција на постура и деформитети
Телесни деформитети
Дијагностика и третман на рамни стапала кај деца и возрасни, сколиоза, кифоза и други состојби
Wellness коучинг
Целосен пристап кон здравјето, исхрана, движење, превенција
Посетете нè во Струмица
Нашите брендови
Работиме само со врвни европски производители на анатомски босоноги (barefoot) обувки за деца и возрасни
Спремни за првиот чекор кон здрави стапала?
Откријте ја колекцијата анатомски босоноги обувки за деца, жени и мажи. Избрани од кинезиолог, дизајнирани за здравје.
Разгледајте ја колекцијата →