Точна големина во 3 чекори

Како да ја изберете
правилната големина

Со 3 едноставни чекори измерете го стапалото и пронајдете ги совршените босоноги обувки. Точната големина = среќни стапала!

Здрав развој

Правилната големина овозможува природно движење и правилен развој на стапалото.

Удобност цел ден

Без притисок, без жуљеви, без болка. Стапалото дише и се движи слободно.

Помалку замени

Правилно измерено = правилна нарачка од прв пат. Штедите време и нерви!

3 чекори до точна големина

Ви треба само: лист хартија, молив и линијар (или метар).

1

Оцртајте го стапалото

Ставете лист хартија на рамен, тврд под. Застанете (не седете!) и оцртајте го стапалото со молив.

Моливот држете го под агол од 90° (вертикално) и полека поминете по контурата на стапалото. Моливот мора да допира до стапалото и хартијата истовремено.

Совет: Мерете попладне, стапалото се шири за ~5% во текот на денот. Секогаш мерете ги двете стапала и земете ја поголемата мерка.
Молив под 90° агол
2

Измерете ја должината

Со линијар или метар, измерете ја најголемата должина: од најдалечната точка на петата до најдалечниот прст.

Измерете ја и ширината на стапалото, во најширокиот дел (кај прстите на ногата).

Совет: Запишете ја мерката во сантиметри со една децимала, на пример 24.3 cm (не 243 mm).
Мерење должина
Мерење ширина
3

Додадете простор за движење

Пронајдете ја внатрешната должина на моделот што го сакате во табелата подолу и проверете дали е 0.8-1.4 cm подолга од вашето стапало. Тоа е оптималниот слободен простор.

За деца: додадете 0.6-1.2 cm за раст на стапалото.

Совет: Пример: ако вашето стапало е 24.0 cm, барајте обувки со внатрешна должина 24.8-25.4 cm. За зимски чорапи додадете уште ~0.3 cm.

Стапало: 24.0 cm → Обувка: 24.8-25.4 cm внатрешна должина

Краток преглед

Чекор 1
Оцртајте го стапалото на хартија
Чекор 2
Измерете должина и ширина
Чекор 3
Додадете 0.8-1.4 cm простор
Кај деца 0.6-1.2 cm

Калкулатор за број

Внесете ја должината на стапалото (чекор 2). Ќе ви покажеме кој број има доволно простор за прстите кај секој бренд и кои модели ги имаме во тој број.

Калкулаторот додава 0.6-1.2 cm простор за деца и 0.8-1.4 cm за возрасни, според табелата на брендот. Поединечни модели може да отстапуваат до 0.5 cm.

Табели со големини по бренд

Секој бренд и модел може да има различни големини. Проверете ја табелата на производот што ве интересира.

Важно: Овие табели се ориентациони. Секој модел може да варира до 0.5 cm. Секогаш проверете ја табелата на конкретниот производ на нашата продавница или пишете ни.

Be Lenka

Словачки бренд

Премиум босоноги обувки со широк преден дел (toe box). Најпродаван бренд кај нас.

Детски модели

Canvi Preschool (20-25) и Canvi Kids (26-34). Elio, Zippu и Zest се слични, но може да отстапуваат до 0.5 cm.

Be Lenka: Детски модели
EU бројВнатрешна должина (cm)Ширина (cm)
2013.36.1
2113.96.2
2214.66.4
2315.26.5
2415.96.6
2516.67.0
2617.37.4
2717.97.8
2818.67.9
2919.38.1
3019.98.2
3120.68.3
3221.28.5
3321.98.6
3422.68.7
Види ги моделите →

Стручни совети од кинезиолог

Марјан Димитриев, Магистер по кинезиологија • Основач на ЕДЕМ Велнес Центар

Мерете попладне

Стапалото е најголемо попладне од одењето цел ден. Мерењето наутро може да даде погрешна (помала) мерка.

Стојте, не седете

Кога стоите, стапалото е пошироко и подолго. Секогаш мерете во стоечка позиција со полна тежина.

Двете стапала

Речиси сите луѓе имаат стапала со различни големини. Земете ја поголемата мерка.

Додадете простор

0.8-1.4 cm слободен простор е оптимално. Кај деца 0.6-1.2 cm. За зимски чорапи додадете уште ~0.3 cm.

За деца: проверка на секои 1-2 месеци

Детските стапала растат брзо. Проверувајте ја големината редовно за правилен развој.

Не се водете по „EU број"

EU 38 кај еден бренд ≠ EU 38 кај друг. Секогаш проверувајте ја должината на стапалото во сантиметри.

Колку тенок ѓон ми треба?

Кај секој модел пишува колку е дебел ѓонот и влошката. Ѓоновите ги делиме во три групи.

Тенок ѓон: до 3,5 mm

Најмногу чувство на подлогата. Одличен за деца и за возрасни што веќе се навикнати на босоноги обувки.

Модели со тенок ѓон →

Среден ѓон: 4-5 mm

Баланс меѓу чувство на подлогата и заштита. Добар избор за секој ден во град.

Модели со среден ѓон →

Подебел ѓон: 5,5 mm и повеќе

Повеќе заштита за долго одење, нерамен терен и зима. Добар избор и за првиот пар босоноги обувки.

Модели со подебел ѓон →

Транзициска влошка

Кај некои модели (MTNG Free, Sunni Sabbi) има влошка со мало подигнување на петата. Носете ја на почетокот, а потоа преминете на рамна влошка.

Модели со транзициска влошка →

Совет од Марјан

Првиот пар за возрасни: среден или подебел ѓон, или модел со транзициска влошка. За деца: тенок до среден, флексибилен ѓон. За зима: подебел ѓон.

Влошката може да се извади

Кај повеќето модели влошката е вадлива. Без неа чувството на подлогата е уште поголемо, но во обувката има малку повеќе простор.

Нарачајте без грижи

Доколку не ви одговара бројот, правиме брза замена: ви го праќаме новиот број, а вие го враќате стариот. Можете и да ги вратите обувките и да ви ги вратиме парите.

Брза замена
Ви испраќаме нов број, вие го враќате стариот
Враќање на парите
Во рок од 5 работни дена од приемот, за обувки што не се носени надвор и се во оригинална кутија. Се задржуваат 190 ден за трошоци.
Стручна помош при избор
Пишете ни ги мерките и ќе ви препорачаме точна големина
Целосни услови за замена и враќање
Изберете ги вашите обувки →

Сè уште не сте сигурни?

Испратете ни ги мерките и ќе ви помогнеме да ја изберете совршената големина. Бесплатен стручен совет!

Чести прашања

Дали мора сам да ја измерам големината?

Да, топло ви препорачуваме! Босоногите обувки бараат поточна големина отколку обичните. Многу луѓе носат погрешна големина со години без да знаат.

Дали босоногите обувки се пошироки од обичните?

Да! Босоногите обувки имаат широк преден дел (toe box) кој овозможува прстите да се рашират природно. Ако досега сте носеле тесни обувки, може да ви изгледаат пошироки, но тоа е нормалната форма на здраво стапало.

Колку простор треба да имам пред прстите?

Оптимално е 0.8-1.4 cm за возрасни и 0.6-1.2 cm за деца. Ова овозможува природно движење и простор за раст (кај децата).

Што ако сум на граница помеѓу две големини?

Секогаш земете ја поголемата. Подобро е малку повеќе простор отколку стегнато стапало. За дебели чорапи (зима), исто поголема.

Дали мора да е точна ширината на стапалото?

Ширината е важна, но помалку критична од должината. Босоногите обувки имаат природно широк toe box. Ако имате многу широко стапало, контактирајте нè и ќе ви помогнеме.

Како да знам која е правилната големина за моето дете?

Следете ги истите 3 чекори, но додадете 0.6-1.2 cm простор (наместо 0.8-1.4) бидејќи децата растат брзо. Проверувајте на секои 1-2 месеци. Најлесно е со калкулаторот на оваа страница.