

4.Fun - Midnight Black



Достава 180 денбесплатна над 3.000 ден
Замена на број, брзо и едноставно
Плаќање при достава
Безбедни материјали4.Bare 4.Fun се женски босоноги сандали од природна козја кожа, за летни прошетки и секојдневно носење. Тенкиот флексибилен ѓон и широкиот преден дел му дозволуваат на стапалото да се движи природно, речиси како босо.
Бојата Midnight Black е црна кожа со бисерен сјај. Двете лепенки, преку прстите и околу глуждот, се прилагодуваат на секое стапало.
Зошто се добар избор?
- Широк преден дел: прстите природно се шират при секој чекор.
- Рамен ѓон: петата и прстите се на иста висина.
- Флексибилен ѓон: сандалата се движи со стапалото, наместо да го ограничува.
- Лесни: сандалите тежат малку, па нозете не се заморуваат ни после цел ден.
- Кожа без хром: и горниот дел и подлогата се од природна козја кожа, пријатна на голо стапало.
Карактеристики
- Бренд: 4.Bare
- Модел: 4.Fun
- Боја: црна (Midnight Black)
- Категорија: женски босоноги (barefoot) сандали
- Големини: 37-41
- Горен дел: природна козја кожа без хром, со бисерна завршница
- Постава: природна козја кожа без хром
- Ѓон: EVA, отпорен на лизгање и абење
- Затворање: две лепенки
- Одржување: само со средства за природна кожа, бидејќи сјајниот слој е чувствителен
- Намена: лето, секојдневно
Совет: затегнете ги лепенките така што стапалото да не лизга напред, а прстите да не излегуваат преку ѓонот.
- Чистете со влажна крпа и благ сапун
- Избегнувајте машинско перење
- Сушете на собна температура, далеку од директна топлина
- Третирајте ја кожата со импрегнирачки спреј
- Плаќање при достава, во готовина
- Бесплатна достава за нарачки над 3.000 ден
- Достава за 2-5 работни дена
- Замена на големина во рок од 5 работни дена (курирската услуга за замена е 160 ден)
- Посетете нè во Струмица, Младинска 277
- Контактирајте нè за помош при избор на големина
Доколку бројот што ќе го нарачате не Ви одговара, правиме брза и едноставна замена.
Веднаш Ви го испраќаме новиот број или друг модел по Ваш избор, а кога ќе Ви пристигне новиот пар, претходниот само го враќате на курирот.
Искуства од нашите купувачи
Рецензии за овој модел
Слични производи
Зошто босоноги обувки?

Посилни мускули
Поактивни стапални мускули при секој чекор

Подобар баланс
Поприродна стабилност и држење на телото

Сензорен фидбек
Подобра врска со подлогата и движењето

Здрав развој
Особено важно за деца во фаза на растење
Прашања и одговори
Да. Имаат рамна основа без подигната пета, широк простор за прстите и флексибилен ѓон, па се погодни за прошетки и секојдневно движење во топлите денови.