Дома / Колекции / Деца - Боси обувки

Детска колекција за слободни стапала

Флексибилни, лесни и анатомски обликувани босоноги обувки за проодување, градинка, училиште и секојдневна игра.

Марјан Димитриев
Совет од Марјан, кинезиолог

Кај детските обувки најважно е да не го ограничуваат стапалото: доволно простор напред, флексибилен ѓон, лесни и без подигната пета.

113 модели

Филтри

Производи

-8% Додај во омилени
Bar3foot

Elf Athena Blue Leaves

2.190 денПретходна цена 2.390 ден
2425293032
-40% Додај во омилени
Bar3foot

Cross Wolly Pink

1.190 денПретходна цена 1.990 ден
323130343536
-40% Додај во омилени
Bar3foot

Cross Wolly Blue

1.190 денПретходна цена 1.990 ден
32343536
-30% Додај во омилени
Saguaro

Kids Ambition Black

2.990 денПретходна цена 4.290 ден
2930313233343536
-30% Додај во омилени
Saguaro

Kids Ambition Brown

2.990 денПретходна цена 4.290 ден
2930313233343536
-27% Додај во омилени
Be Lenka

Be Lenka Zest Beige

2.990 денПретходна цена 4.150 ден
22242529
-27% Додај во омилени
Be Lenka

Be Lenka Zest Blue

2.990 денПретходна цена 4.150 ден
2021222331
-8% Додај во омилени
Bar3foot

Elf Athena Fuchsia

2.190 денПретходна цена 2.390 ден
242531

Како да изберете босоноги обувки за дете

Детското стапало расте и се развива преку движење. Добрата детска обувка го штити стапалото од подлогата, но не го стега и не го води чекорот наместо него. Во оваа колекција има над 100 босоноги модели во броеви од 19 до 36: патики, топлинки, чизми и сандали од Bar3foot (Elf), Zapy, MTNG Free, Be Lenka, Saguaro, RAYVE и PEGRES.

На што да внимавате при избор:

  • Простор за прстите: предниот дел треба да е широк колку стапалото, за прстите да се шират при секој чекор.
  • Флексибилен ѓон: обувката треба лесно да се свитка, така се користат сите мускули на стапалото и тоа станува јако и стабилно.
  • Рамна поставеност: петата и прстите се на иста висина (zero-drop), без подигната пета.
  • Лесни обувки: тешките и крути обувки ги приморуваат децата да ги користат другите делови од телото повеќе со што може да се создадат компензации и деформитети.

Како да го изберете бројот: измерете го стапалото додека детето стои, попладне, и земете ја подолгата мерка од двете стапала. Обувката треба да е 0,6-1,2 cm подолга од стапалото: доволно за раст, а не толку голема што детето ја влече или се сопнува. Калкулаторот во Водичот за број го пресметува бројот за секој бренд.

Детските стапала растат брзо, затоа проверувајте го бројот на секои 1-2 месеци. Ако бројот не одговара, правиме брза замена, а плаќате при достава.

Широк простор за прстите
Широк простор за прститеПрстите не се стискаат и детето има подобра стабилност при движење.
Флексибилен ѓон
Флексибилен ѓонСтапалото може природно да се витка, чувствува и адаптира.
Рамна zero-drop поставеност
Рамна поставеностZero-drop дизајнот не ја турка тежината напред кон прстите.
Лесни босоноги обувки за движење
Лесни за движењеДостапните модели се полесни за целодневна детска активност.
Бесплатна достава над 3.000 денариБесплатна достава над 3.000 ден
Лесна замена на големинаЛесна замена на големина
Стручен совет од кинезиологСтручен совет од кинезиолог
Безбедни материјалиБезбедни материјали
Q&A

Најчести прашања за детски босоноги обувки

Кратки одговори за родители кои сакаат правилно да изберат обувки за правилен раст и без деформитети.

Да, кога се правилно избрани: широк преден дел, флексибилен ѓон, рамна поставеност и доволно простор за раст. Обувката треба да го штити стапалото, но да не го блокира природното движење.
Измерете должина и ширина на двете стапала и споредете со табелата за конкретниот модел. За деца обично е потребен мал простор напред за раст и движење (0.6-1.2см), но обувката не треба да биде толку голема што стапалото ќе лизга.
Да, децата поминуваат многу голем дел од своето време во градинка и улилиште, дури и до 8 часа. Затоа мора да им дадеме обувка која не го деформира стапалото туку го потикнува за правилен раст.
Тогаш не е доволно да се гледа само бројот. Потребно е да се провери ширината, волуменот на моделот и начинот на затворање. Ако не сте сигурни, пишете ни со мерки и фотографија од стапалото за попрецизна препорака.
Кај многу деца рамното стапало е дел од природен развој. Босоногите обувки можат да дадат простор и слобода за работа на мускулите, но ако има болка, замор или изразена асиметрија, најдобро е индивидуална проценка.
Побарајте совет ако детето е меѓу две големини, има многу широко стапало, висок рис, чувствителност, ортопедска препорака или претходно често му биле неудобни обувките. Подобро е прво да провериме отколку да се прави замена.